En Select Country

Факти

Управувањето со долгови е одамна позната и признаена финансиска активност. Сепак, за многу луѓе тоа сѐ уште претставува непозната област. Подолу можете да прочитате неколку клучни професионални концепти и често поставувани прашања – на тој начин можете да имате појасен и потранспарентен преглед на активностите на нашата компанија и на индустријата.

Доколку имате уште прашања за нашата компанија или ви требаат информации во врска со вашиот случај, околу управувањето или откупот на долговите, не двоумете се да контактирате со нашите колеги или со Службата за клиенти.

Често поставувани прашања

1
Што е управување со долгови?

Управувањето со долгови е услуга каде што доспеан и неоспорен долг се наплаќа од страна на доверителите или компанија за управување со долгови ангажирана од нив, пред да се започне правна постапка.

2
Кој е пристапот за управување со долгови во CREDITEXPRESS?

Секогаш бараме решение што им одговара на сите. Откако ќе контактираме со должникот, без разлика дали преку телефон, допис или лично, ги проценуваме сите можни методи за плаќање и, доколку е неопходно, нудиме прилагоден начин на плаќање или плаќање на рати.

3
Зошто CREDITEXPRESS ме контактираше?

Вашиот доверител склучил договор со нас за управување со долговите и за да ги застапуваме неговите интереси при подмирувањето на долговите.

4
Што треба да направам ако ме контактирал CREDITEXPRESS?

За да се најде решение што ви одговара, најважната работа е да нѐ контактирате колку е можно побрзо. На овој начин можете навремено да укажете дека сметате дека побарувањето е незаконско или дека имате тешкотии околу плаќањето.

5
Дали активноста на CREDITEXPRESSе законска?

Нашата компанија работи на управување со долгови уште од 1999 година и припаѓа на групација која веќе е присутна во 13 земји од Централна и Источна Европа, со повеќе од 3.000 клиенти. Компанијата е член на неколку професионални асоцијации. Ја извршуваме нашата работа во согласност со нашиот строг Етички кодекс и со важечките закони.

6
Како можам да го подмирам мојот долг?

Можете да го подмирите долгот целиот одеднаш или, доколку е неопходно, на повеќе рати. Земете предвид дека неплаќањето на вашите долгови во определениот рок може да доведе до дополнителни трошоци кои ќе му се додадат на долгот.

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ

Ако ви требаат дополнителни информации, не двоумете се да контактирате со нашите колеги или со службата за корисници.
    Согласен сум моите податоци да се процесираат, да добивам билтени, посебни понуди и известувањаSuglasan sam da se moji osobni podaci procesiraju, pohrane te da ću primati biltene, posebne ponude i obavijesti.

Основни термини (А до Ш)

Б
Банкрот

Постапка побарана од страна на должникот, во негова одбрана, којашто може да ја примени доколку не е во можност да му плати на доверителот. За време на оваа постапка, должникот не може да биде повикан и добива мораториум и заштита од своите доверители, т.е. против него не може да се започне никаква постапка за присилна наплата или ликвидација.

Д
Датум на доспевање

Датум до којшто должената сума треба да се плати. Ако не се плати до конкретниот рок, оваа сума почнува да се смета за долг.

Должник

Претставува физичко, правно лице или друг субјект што должи пари останати плаќања или друг вид на обврски

Н
Наплата

За време на наплатата контактираме со должникот, му испраќаме потсетувања за плаќањето и може да му понудиме плаќање на рати или презакажување на роковите. За време на наплатата се трудиме да доведеме до плаќање на долгот ефикасно, врз основа на преговори. Уште од почетокот на процесот, CREDITEXPRESS контактира со должникот.

О
Обврска

Паричен долг што должникот е должен да го плати според законите или некој договор.

П
Побарување

Го означува долгот што произлегува од позајмувањето пари, добра или услуги.

Постапка за присилна наплата

Означува регулиран правен процес, според чиј исход доверителот може да ги добие предметните добра или пари, доколку должниот не успее доброволно да ги исполни своите преземени обврски.

С
Содолжник

Содолжникот ги има истите обврски како и должникот. Тој ја има истата обврска за плаќањето на долгот.

У
Управување со долгови

Означува услуга обезбедена врз комерцијална основа, каде што доспеан и неоспорен долг се наплаќа од страна на доверителите или компанија за управување со долгови ангажирана од нив, пред да се започне правна постапка.

Ф
Факторинг

Факторинг означува продавање на побарувања. Овој долг може да настане од каков било правен однос што произведува обврска за плаќање.

Контакт

Доколку имате уште прашања за нашата компанија или ви требаат информации за вашиот случај, околу управувањето или откупот на долгови, не двоумете се да контактирате со нашите колеги или со службата за корисници.
ПОБАРАЈ ПОВИК
    Согласен сум моите податоци да се процесираат, да добивам билтени, посебни понуди и известувања.
Контакти

Бул. Јане Сандански 79а/15 1000 СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА