En Select Country

Услуги

Управувањето со долгови и нивната наплата претставува долготрајна задача за која се потребни специфични правни, психолошки и информатички познавања, како и соодветна инфраструктура. Персоналот на CREDITEXPRESS со речиси 20-годишно искуство, им помага на нашите клиенти да ги наплатат своите законски побарувања, колку што е можно поедноставно и со колку што е можно помал ризик.

Рана наплата

Можете да нѐ овластите да се справуваме со вашите фактури уште од првиот ден откако ќе станат доспеани. Зошто?
  • Ќе испраќаме известувања за плаќањето наместо вас.
  • Вашите пресметани трошоци ќе се намалат и нема да предизвикате дополнителни трошоци.
  • Оваа услуга ви дава можност да ги наплатите сите ваши доспеани побарувања на ефективен и брз начин.
  • Посветуваме најголемо внимание за одржување на деловниот однос помеѓу должникот и нашиот клиент.

Доцна наплата

Исплатливо и професионално управување со долгови кое нуди бројни предности.
  • Решенија за наплата засновани на телефонски повици и коресподенција, создадени во согласност со деловната стратегија на клиентот.
  • На должниците им нудиме бројни решенија за плаќање, овозможувајќи итно плаќање.
  • Нашиот персонал за телефонска наплата е организиран во тимови според области и клиенти, што го подобрува процесот.
  • Нашите клиенти нема да ги изгубат своите корисници врз основа на какви било неплатени фактури.

Надзор на долг

Управувањето со долгови каде што наплатата изгледа безнадежно е уникатна услуга на групацијатаCREDITEXPRESS.
  • Ја следиме финансиската положба на должниците со децении преку телефон, писма и контакти со агенти.
  • Ако постои редовен контакт помеѓу должникот и компанијата за управување со долгови, може да се примени соодветниот метод за управување со долгови веднаш штом ќе се подобри финансиската ситуација на должникот.
  • Оваа опција може да биде особено ефикасна во нестабилни финансиски времиња, кога должникот нема приходи, но повторно станува платежно способен откако ќе добие нова работа.

Откуп на побарувања

Ние го откупуваме вашиот доспеан долг, независно од обемот на портфолиото што се продава. За време на овој процес, обезбедуваме сеопфатни професионални и правни совети.
  • Продажбата на вашите побарувања значи итен проток на пари во вашиот бизнис.
  • Можете да се фокусирате на процесите од главната активност на вашата компанија и не морате да обезбедувате ресурси за наплата на доспеаните побарувања.
  • Можете да го намалите товарот од вашите скапоцени човечки, хардверски, софтверски и информатички ресурси.
  • Повеќе не ви е потребна администрација за наплата и на овој начин можете да го заштедите трошокот поврзан со
  • неа.
  • Преку продажбата на вашите побарувања, го поддржуваме вашиот бизнис и го олеснуваме неговиот товар спроведувајќи сеопфатна стратегија за наплата/управување со долгови.

Правна наплата

Комплементарно и интегрирано со административната наплата на долгови, ние работиме и со присилната наплата на вашите побарувања користејќи правни средства. Нашите адвокати работат во согласност со стандардите на групацијата.
  • Ги застапуваме нашите клиенти и им даваме поддршка со нашата експертиза во постапките кои одземаат многу време и бараат посебна експертиза.
  • Го преземаме извршувањето на целокупната правна постапка (вклучително и случаите пред суд и извршители).

Контакт

Доколку имате уште прашања за нашата компанија или ви требаат информации за вашиот случај, околу управувањето или откупот на долгови, не двоумете се да контактирате со нашите колеги или со службата за корисници.
ПОБАРАЈ ПОВИК
    Согласен сум моите податоци да се процесираат, да добивам билтени, посебни понуди и известувања.
Контакти

Бул. Јане Сандански 79а/15 1000 СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА