En Select Country

За нас

Во земјите од Северна Европа и Скандинавија, правната сигурност, усогласеноста со договорите и нивното спроведување имаат долги традиции кои траат со векови. Тие даваат здрава основа за бизнисите да можат да гарантираат предвидливи активности и проток на пари. Преку нашиот партнер во Шведска, групацијата SVEA, ние ги комбинираме тие традиции со основните етички принципи и професионални искуства, компетенции и со локалното познавање кое е уникатно во регионот на Централна и Источна Европа.

Стабилност и динамичност

Групацијата CREDITEXPRESS, каде член е и CREDITEXPRESS Македонија, работи од 1999 година. Денес веќе сме присутни во 13 европски земји, обезбедувајќи им на нашите клиенти насекаде, кохерентни и ефективни услуги со висок стандард во полињата на управување со долгови, откуп на побарувања и наплата, како и услуги за факторинг. Во последниве години досега им помогнавме на повеќе од 3.000 клиенти да се концентрираат на нивниот бизнис, наместо на управувањето со долговите.

Се гордееме со фактот дека уште од нашето основање имавме можност да работиме со најистакнатите брендови и финансиски групации во регионот. Благодарение на ова добро партнерство, бевме во можност да понудиме етичка, кохерентна и ефективна услуга за наплата уште од самиот почеток. Ова им овозможува на нашите меѓународни клиенти да ги користат истите висококвалитетни услуги, стандардизирани извештаи на ниво на групација и флексибилни постапки.

Традиција и напредок

Групацијата CREDITEXPRESSе европска компанија за финансиски услуги која ја управуваат нејзините сопственици сѐ до денес, заедно со квалификуван меѓународен тим. Компанијата моментално има персонал од 1.500 луѓе на меѓународно ниво.

За нашата групација, иновациите се од клучно значење за секоја област, без разлика дали се работи за развојот на инфраструктурата во административните канцеларии, т.е. софтверот што дава поддршка на нашата работа, или за обуката на нашиот персонал. Постојано го користиме нашето искуство добиено во регионот на Источна и Централна Европа, како и нашата меѓународна експертиза за обезбедување на најдобрата услуга за нашите клиенти, во секое време.

Нашиот меѓународен трговски партнер, групацијата SVEA е водечки актер на пазарот во Северна Европа. Активна е како давател на финансиски и административни услуги уште од 1981 година, а е лиценцирана од страна на Шведската канцеларија за финансиска ревизија. Има сопствени канцеларии во осум земји, како и обемна мрежа на партнери низ светот. Им обезбедува помош на бизнисите користејќи го своето 30-годишно професионално искуство за подобрување и зголемување на нивната ликвидност во кратки финансиски периоди.

Комбинирајќи го користењето на најновата технологија со иновативните решенија со висок стандард за услуги во кои сме лично мотивирани и водени од интересите на нашите клиенти, заедно со SVEA Finance Hungary Zrt, секогаш сме во можност да им понудиме опција на нашите клиенти.

Зошто да го изберете CREDITEXPRESS?

Можете да се фокусирате на тоа што најдобро го знаете
Ние сме експерти за управување со долгови. Во регионот ја уживаме довербата на повеќе од 3.000 клиенти на кои им помагаме да ги решат своите проблеми околу доспеаните долгови, од првиот ден на задоцнетото плаќање, сѐ до откупувањето на долгот. Ова им овозможува на нашите клиенти да се концентрираат на нивните основни бизниси, знаејќи дека нивните финансии се во сигурни раце, управувани од професионалци..

Услуги прилагодени според потребите на компанијата
Во текот на минатата деценија, постојано ги развивавме нашите услуги во пазарна средина што нагло се менува, со чувствителен пристап за одговор според повратните информации од нашите клиенти, на начин на којшто тие ќе можат успешно да ги исполнуваат специфичните потреби на регионот на Источна и Централна Европа.

Разбирање на специфичните потреби на регионот
Ја користиме најнапредната технологија за наплата земајќи ја предвид експертската примена на психологијата на наплатата во релевантната економска и културна средина. Обезбедуваме уникатни и ефикасни услуги што нудат оптимални решенија, како за должниците на нашите клиенти, така и за нашите клиенти.

Законски пристап и етичка постапка
Етичкиот кодекс на нашата групација означува искрена заложба за нашите клиенти и за нивните клиенти. Персоналот на CREDITEXPRESS ги почитува тие поединци и компании коишто се соочуваат со финансиски тешкотии поради каква било причина.

Нашите решенија значително ќе ја зголемат вашата шанса за наплата! Не двоумете се да контактирате со нашите колеги.

Главни принципи

Сите членови на групацијата CREDITEXPRESS имаат цел да ги воспостават високите стандарди и разноликоста при управувањето со долгови, претставувани од групацијата на секој од пазарите.

Решавањето на долгови е чувствителна и сложена област. При наплатата на долгови, мораме да го одржиме кревкиот однос на доверба помеѓу нашите клиенти и нивните клиенти, што може да претставува основа за нивната понатамошна соработка.

Секогаш ја извршуваме работата на транспарентен и професионален начин, со најнапредните методи за наплата и со потребната емпатија, во согласност со принципите поставени во нашиот Етички кодекс. Внимаваме за да постапиме соодветно во секоја ситуација.

  1. Спроведуваме наплата во име на нашите клиенти, на етички, висококвалитетен и исплатлив начин.
  2. Споредено со нашите конкуренти, кога ние обезбедуваме услуги со исклучителен квалитет и ефективност, го заштитуваме реномето на нашите клиенти во сите околности.
  3. Обезбедуваме транспарентни услуги прилагодени според моменталните потреби.
  4. Ги почитуваме и заштитуваме правата и достоинството на должниците за време на процесот на наплата.
  5. Се однесуваме со податоците на нашите клиенти и на должниците на доверлив начин.
  6. Применуваме протокол за управување, безбедност и обработка на податоците кој го надминува важечкото законодавство.

Компаниите за управување со долгови кои се од доверба работат во согласност со строгите етички стандарди, согласно владеењето на законот. Помеѓу најзначајните играчи на пазарот, групацијата CREDITEXPRESS исто така е член и на ACA International, меѓународното професионално здружение на компании коишто работат на управување со долгови. Ова здружение ги вклучува само компаниите што имаат докажано реноме во однос на нивните професионални способности.

Општествена одговорност

Како давател на финансиски услуги, нашата групација ја сфаќа општествената одговорност многу сериозно уште од самиот почеток. Членовите на групацијата поддржуваат помали иницијативи на локално нови, а групацијата CREDITEXPRESSво заедницитеподдржува два проекта за деца кои се соочуваат со тешкотии: одржувањето на детската болница во Баренхерц и реновирањето на училиштето во Камакви во Сиера Леоне се работи коишто со гордост ги поддржуваме.

Контакт

Доколку имате уште прашања за нашата компанија или ви требаат информации за вашиот случај, околу управувањето или откупот на долгови, не двоумете се да контактирате со нашите колеги или со службата за корисници.
ПОБАРАЈ ПОВИК
    Согласен сум моите податоци да се процесираат, да добивам билтени, посебни понуди и известувања.
Контакти

Бул. Јане Сандански 79а/15 1000 СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА